Во подготовки Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во Источно-планскиот регион

Заврши дводневната работилница во Делчево, како дел од проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа во Источен плански регион". Регионалниот центар за застапување од Делчево го стартуваше на почетокот од 2019 година и истиот, како што информираше координаторот Родне Деолска, е продолжение на минатогодишниот проект што се однесуваше на промовирање на стандарди за безбедност и здравје при работа.

 

– Проектот што ќе се реализира во период од осум месеци ќе биде поделен во три фази. Првата фаза е комплетно наменета за работилници за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на организациска самопроценка, управување со човечки ресурси и финансиско работење. Втората фаза е наменета за активности поврзани со формирање на мрежа на граѓански организации, кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа, информира Деолска.

Додава дека овие активности ќе бидат регулирани со потпишување меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата.

 

Проектот предвидува и трета фаза што ќе се одвива паралелно со првите две, а се однесува на формирање центар за безбедност и здравје при работа за Источен-плански регион. Целни групи во рамки на третата фаза ќе бидат граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од Источно-планскиот регион.

Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.