Натпревар по ораторство на Битолскиот универзитет

Универзитетот „Св. Климент Охридски"-Битола во пресрет на Денот на основањето,  кога ќе одбележи 40-годишен јубилеј, објави конкурс за четвртиот натпревар во ораторство, годинава на тема:  „40 години УКЛО: Дигитална (р)еволуција".

 

Натпреварот ќе се одржи на 19 април, а право на учество имаат само студенти од УКЛО-Битола. За време на говорот натпреварувачите ќе може да користат белешки или мултимедијална анимација. Најдобрите ќе бидат наградени.

 

-УКЛО-ТРИВИУМ е натпревар и можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурно изразување. Говорите кои ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани,  информираше Секторот за односи со јавност на Битолскиот универзитет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.