Во Велес генерално расчистување на јавните површини

Општина Велес, веќе дваесетина дена од почетокот на месецов интензиво работи на генерално расчистување на локации кои без одбрение, нелегално и долги години за свои бизниси беа користени од страна на правни лица и трговци поединци.

 

Од Општина Велес потенцираат дека јавните површини припаѓаат на граѓаните и затоа ја започнале оваа акција за генерално расчистување на јавните површини. Најпрво во централното градско подрачје и главните сообраќајници.

 

Тие информираат дека акцијата првенствено била насочена на централната улица „Благој Ѓорев“ на јавните површини кои ги користат угостителските објекти.

 

– Таму затекнавме покриен простор за вентилација на подземни гаражи, заварени метални елементи на огради, поставени огради, платформи и друг вид на опрема, спроведени електрични кабли на јавните површини, заробени дрвја со тенди. Расчистувањето на јавните површини заробени од секаков вид на опрема беше изведено во соработка и договор со сопствениците на овие објекти, појаснуваат од Општина Велес.

 

Воедно од Општина Велес најавуваат овие активности да продолжат и во наредниот период.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.