Се решава проблемот со поплавите на улицата „Јане Сандански" во Берово

Земјeниот терен на улица „Јане Сандански", во Берово, за еден месец, конечно ќе биде заменета со бехатон плочки. За овој проект општината Буџетот ќе издвои милион и осумстотини илјади денари, информираше градоначалникот Звонко Пекевски.
 
 
-За жителите од овој дел на градот, тоа ќе биде долгорочно решение и конечен крај на поплавите, што не беа невообичаени во минатото. Ќе се реконструира улицата во три крака, со вкупна должина од околу 350 метри, со поставување бехатон плочки, соопшти Пекевски.
 
 
Додаде дека во рамки на активностите предвидено е и одводнување со дренажа и поставување мали рабници.
 
 
Претходно, во рамки на активностите за подобрување на патната инфраструктура, со средства во висина од милион и двесте илјади денари, започна реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев" во Русиново. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.