Голем дел од македонците Велигден ќе го поминат во европските метрополи

Оваа година најголемиот Христијански празник Велигден, многумина ќе го поврзат со Денот на трудот Први мај, па ќе отпатуваат на некоја поблиска или подалечна дестинација.

 

На само неколку дена пред Велигден, туристичките работници велат дека веќе немаат слободни места од празничните пакет аранжмани. Тврдат дека годинава има поголема заинтересираност од лани, но како клучни причини не ги посочуваат економските услови, туку можноста да се спојат деновите од двата празника. Во своја режија поголем дел граѓани што ќе отпатуваат надвор ќе одат во Грција, во приватно сместување или во хотел.

 

Но годинава за оние кои што можат да си дозволат најинтересни се патувањата кон поголемите европски центри.
Меѓу нив најпривлечни се Прага, Виена и Париз, но и Дубаи - велат од туристичката агенција Савана.

 


Од европските дестинации не спласнува интересот ниту за Италија, па и оваа година дел од граѓаните одлучиле празниците да ги поминат во вечниот град, каде што на 24тити мај ќе се одвива свеченост во чест на светите браќа Кирил И Методиј.
Од Савана велат дека најголем интерес има за скапите авионски аранжмани кои се продадени уште на почетокот на годинава.

 


Од автобуските понуди наjинтересни за македонските граѓани се оние кон Грција, Бугарија, но И Србија, која со туристичките центри Копаоник и Златибор, се повеќе го превзема приматот на туристичка атракција.

 

Иако аранжманите се веќе се распродадени, ценовниците за празничните патувања покажуваат дека тие чинат повеќе од една просечна плата во земјава. Голем дел од населението, сепак, не може да си дозволи толкава сума, па затоа за празниците многу од граѓаните ќе си останат дома, со семејството и со празнична трпеза.

 


Според податоци од агенциите, помал е интересот на граѓаните за празнување во некои од домашните туристички центри, но велат дека со оглед на фактот што има повеќе празнични денови многу од луѓето можно е во своја режија да заминат во Охрид или Дојран.

 

 

 

 


Туристичките работници информираат и дека веќе речиси се распродадени и летните аранжмани за во јуни, а има интерес и за понудите за следниот празник 24 Мај - Денот на просветителите, кој оваа година се паѓа во петок, па повторно може да се спои со викенд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.