Лектирите треба да се обработуваат на интересен и привлечен начин за децата

За значењето на книгите и придобивките од читањето се зборувало многу и тоа на сите ни е добро познато. Книгите се од најголемо значење во формирањето на личноста на детето, во овој случај лектирите.

 

„Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Легенди за Марфи Компирката“ од Овен Колфер, „Скокни – прескокни“ од Васил Мукаетов се дел од поновите наслови што влегоа во новиот список со лектири од второ до деветто одделение, кое го подготви Бирото за развој на образованието. Светската класика „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери се враќа повторно во задолжителна литература во деветто одделение. Оваа книга во последните неколку години не беше задолжителна, а беше оставено на наставниците да проценат кога и дали би ја работеле, во зависност од интересот на учениците.

 

Во наредната учебна година основците ќе читаат лектири според новиот список што го објави Бирото за развој  на образованието. Постојниот список е изменет и дополнет. Дел од книгите се поместени од една во друга година или од задолжителни во изборни лектири. „Снежана“ ја нема во второ одделение, „Шеќерната приказна“ ќе се учи во четврто наместо во трето како досега. Во новиот список на лектири за основно образование место зема и лектирата ,,Златното јаболко и други бајки,, од Христо Петревски, според кого читањето на лектирите од страна на децата е многу малку у формално, затоа што обично децата читаат на површен начин, поради тоа, според Петревски, лектирите треба да се обработуваат на интересен начин и децата треба да ги читаат со задоволство.

 

Списокот содржи листи за задолжителна и изборна лектира за секое одделение од второ до деветто. Порано имаше само листа со лектири за кои се подразбираше дека се задолжителни. Сега има дел задолжителни и дел изборни. Сите задолжителни лектири се обработуваат. Од наведените изборни наслови во секое одделение наставникот го прави изборот која лектира да се работи.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.