All for Joomla All for Webmasters

Возачи внимавајте, доколку испрскате пешак ќе платите казна од 35 евра

Деновиве во Скопје па и во целата држава имаме постудено и врнежливо време кое знае да придонесе низа непријатности додека граѓаните се движат по улица.

 

Голем дел од возачите во главниот град не внимаваат на граѓаните кои се движат пеш, па секогаш брзаат со автомобилите и поминуваат низ поголема количина од вода настаната од дождот по коловозите и ги прскаат пешаците. Граѓаните реагираат дека многу често се случува голема количина нечиста вода да заврши по нивната облека. Покрај премините на семафорите, граѓаните велат дека уште полоша е ситуацијата кога минуваат пешачки премини. Во тие случаи велат дека возачите воопшто не внимаваат дали има пешаци.

 

За да бидат казнети несовесните возачи мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат прекршокот. Според Секторот за внатрешни работи – Скопје, казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или пак полоциско лице да биде сведок на настанот. Според правилата, возачот што се движи по коловоз на кој има вода, е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите и моторџиите. За да можат пешаците да докажат дека се испрскани е да го задржат возачот што ги испрскал додека дојде полициска екипа, па потоа тој да го признае делото.

 

Според законот граѓаните можат да пријават прскање од несовесни возачи на телефонскиот број 192, а казната за ова дело е 35 евра или 15 негативни поени впишани во возачката дозвола.

 

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги занемаруваат предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот и особено да внимаваат кога возат при обилни врнежи од дожд.

 

При поголеми брзини, додаваат, автомобилот го губи контатктот со подлогата, се подига од патот и се однесува како да скија на водатата. Ако се случи тоа забавите до онаа брзина кога автомобилот ќе го чувствувате нормално. Оттаму нагласуваат дека условите за возење, се менуваат многу брзо. Внимателното возење е клучно за безбедноста на секој учесник во сообраќајот, а одговорноста при возењето е одлика на карактерот на секој возач и придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот. 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.