Од денеска пријавување за бесплатна прошетка во Вевчани

Еуролинк осигурување во рамки на платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, веќе шеста година по ред ја организира добро познатата туристичка прошетка насловена како „Мапа на културата“.

 

Како што информираат од Еуролинк во изминатите шест години посетени и слушнати се тајните преданија за културните и археолошките локалитети во нашата држава и по Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, Лесновскиот манастир, патот кон Струга, под падините на планината Јабланица, во едно од најубавите села во нашата татковина, селото Вевчани.

 

Од Еуролинк соопштија дека целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Вевчани и да ги слушнат преданијата од искусниот водич за тоа како настанало ова надалеку прочуено село.

 

Сите заинтересирани граѓани без разлика на возраста, може да се пријавуваат од денеска , адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање на следните генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе бидат избрани за учесници на еднодневната екскурзија и истите ќе бидат телефонски известени. Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот.

 

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 1.6.2019 (сабота) со поаѓање во 7:30 часот, на паркингот кај Дрво декор.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.