Димитров во Романија по поддршка за ЕУ

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на шефот на романската дипломатија Теодор Мелешкану, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Романија, соопшти МНР.

 

Покрај средбата Малешкану, Димитров ќе се сретне и со министерот за европски прашања Џорџ Чамба, како и со потпретседателот на Долниот дом на романскиот Парламент, Кармен-Илеана Михалческу.

 

Димитров во Букурешт ќе одржи предавање во Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација, на темa „Политичката транзиција во Северна Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ".

 

Официјалната посета на Димитров на Романија се случува за време на романското претседавање со Советот на ЕУ што претставува своевидно реафирмирање на романската поддршка за членството на нашата држава во Европската Унија. Романија беше меѓу првите НАТО-членки кои го ратификуваа Пристапниот протокол за членство во Алијансата, велат од МНР.

 

За време на посетата, министрите Димитров и Мелешкану ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Романија во областа на европските интеграции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.