Почина генералниот директор на Реплек Душан Туџаров

Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на Реплек, Душан Туџаров почина вчера во Струмица.

 

Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

 

Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

 

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка", а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.