СДСМ: Сите вработени во администрацијата мора да работат согласно законите

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на лажни вести и невистини.

 

Според официјалните податоци на надлежното министерство, не е точно дека решението за престанок на работниот однос на Цветан Трипуновски е поради неговата партиска определба. Тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Низ законска, транспарентна постапка утврдено е дека Трипуновски со своето однесување го прекршил Кодексот за административни службеници и на јавни настапи пренесувал информации и податоци кои произлегуваат од делокругот на работата на Министерството во форма шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст.

 

Со тоа, како што е соопштено, Трипуновски ја нарушувал довербата на граѓаните во институциите и во системот.

 

Заврши времето на реваншизам и партизација што беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, државните институции работат независно, професионално и во интерес на граѓаните.

 

Сите вработени во државната и јавната администрација мора да работат одговорно и законски и единствено во интерес на државата, а оној кој ќе направи прекршувања одговара пред законите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.