Захариева: Бугарија не прифаќа да го чествува Гоце Делчев на 7-ми октомври


Бугарија и Македонија се уште тешко постигнуваат согласност за спорните историски теми, пренесува бугарската ТВ НОВА од денешната средба на двете комисии.

 

Нема заедничко решение за датумот за прослава на Гоце Делчев и по денешната средба меѓу владините делегации на Бугарија и Северна Македонија. Две години по потпишувањето на договорот за пријателство - Бугарија и Македонија имаат напредок во економските односи, туризмот, транспортот, образованието. Проблемите остануваат со историјата. Заклучокот доаѓа неколку дена откако македонски историчари предложија наместо на роденденскиот датум или на денот на неговата смрт, споменот на Гоце Делчев во Бугарија да се слави на 7 октомври, кога комунистичката власт од Бугарија ги пренесува коските на револуционерот во Скопје, пишува ТВ НОВА.

 

"Нагласувам дека ова е предлог на нивната комисијата кој е категорично неприфатлив за нас и апсурдно е да славиме датуми поврзани со Коминтерната и Тито", рече министерот за надворешни работи Екатерина Захариева. На предлогот реагирал и вицепремиерот Каракачанов, кој вчера предложи Бугарија да стане од масата на преговорите со Северна Македонија. Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека неговата земја е целосно посветена на процесот на унифицирање на историските прегледници на општи датуми и личности, пренесува ТВ НОВА.

 

"Не сум историчар, но сум убеден дека токму Гоце Делчев и неговото дело, може да биде мостот за растењето на пријателството меѓу нас", рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

Бугарскиот министер за надворешни работи изјави дека би и дала шанса до крајот на годината на работната комисија, поврзана со историјата пред Бугарија да се откаже од неа.

 

Со потпишувањето на договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, Македонците се надеваат да го забрзаат процесот за нивниот прием во ЕУ, дополнува ТВ НОВА.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.