All for Joomla All for Webmasters

Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал".

 

Како што соопштија од Министерството за одбрана, тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата во Југоисточна Европа и пошироко.

 

На маргините на безбедносната конференција, Шекеринска ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии,  бригаден генерал Јохан Бергер.

 

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал" е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.