Демократскиот сојуз бара Парламентот да одржи вонредна седница
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Јули 2019
Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања сврзани со Специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Парламентот на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО.
Воедно треба да се создадат законски можности Специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.
ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт.
Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази.
На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи.
Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување на систем на владеење на правото.
Демократски сојуз
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс