Мицкоски бара детална истрага за обвинителите во СЈО, предлага нов закон за ЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

 

Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата побара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .

 

Најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, како што рече, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

 

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

Ова, рече Мицковски, е грубо кршење на Законот за СЈО кој предвидува овие обвинители по завршувањето на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

 

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овие обвинители по престанокот на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

 

Во однос  на предметите на СЈО, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител и прераспредени онаму каде овие дела припаѓаат.

 

ВМРО-ДПМНЕ предлага и финансиска незавиноста на целокупното државно обвинителство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.