ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста згрозена од рекет системот, нема бегање од одговорност

Снежана Калеска – Ванчева, делуваше збунето и тажно. Се чувствува непријатно во сопствена кожа затоа што ја натерале да брани криминал и да се понижува пред очите на целата јавност убедувајќи ги граѓаните дека тоа што го гледаат не го гледаат и тоа што го слушаат не го слушаат.

 

Така е тоа претседател ти е аболициран криминалец, кој е глава на октоподот од кој што Македонија е ставена на меѓународниот столб на срамот. Не се одважил Зоран Заев да и даде на Калеска – Ванчева барем една торба Луј Витон за да се чувствува покомотно додека се труди да лаже и да го испере. Дури и Боки Тредичи заслужил повеќе од неа.

Јавноста е згрозена од рекет системот воспоставен од Зоран Заев. Овој пат нема бегање од одговорност. Одговорност од власта бараат и нашите меѓународни партнери.

Ништо нема да биде во ред колку и да ги теши Катица или Русковска се додека главата на октоподот и разно разни Кики, Фрики или Шеки не седнат на обвинителна клупа.

Залудно се тресе и се напрега Калеска – Ванчева. Граѓаните веќе знаат дека се што Заев кажа – излажа. Пратеничката од СДСМ ќе има време да поставува прашања кога ќе биде опозиција, а во овој кус период додека нејзиниот шеф е уште на власт нека се подготви подобро за следната прес конференција за да одговори на прашањата:

1. Дали Зоран Заев има близок соработник и висок функционер кој бил чест гостин на вечера заедно со Катица Јанева кај првоосомничениот Боки Тредичи?

2. Дали Заев е сигурен дека само еднаш се видел со второосомничениот и разговарале за инвестиција во рудници?

3. Која институција го истражуваше потеклото на 720.000 евра и по чија ургенција истите беа одмрзнати за да може да бидат подигнати?

4. Каде патувала торбата Луј Витон, полна со милион ипол евра и кој се знаел за торбата изминативе месеци, но ја кочел истрагата?

5. Кој дал наредба Катица Јанева и Кики и Фрики да не бидат опфатени со истрагата и да им се обезбеди време да ги прикриваат и уништуваат доказите? Што знаат тие за криминалите на Заев и што планирале да откријат доколку биле притворени?

Во период што ќе следи ќе има дополнителни прашања и во други области, па редно е сериозно и добро да размислат пред да одговорат.

Ќе има правда и ќе има мир во Македонија, а нив ќе ги донесат граѓаните на избори. Ќе има правда и ќе има мир откако Зоран Заев и неговите послушници ќе одговараат пред законот.

Набргу доаѓа периодот на обнова на Македонија и тогаш сите ќе бидат еднакви пред законот и законот ќе важи подеднакво за сите.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.