ВМРО-ДПМНЕ: Фарсата од истрага за случајот „Рекет“ се распаѓа

Костадин Костадинов како и целокупната власт се во паника. Нивната фарса од истрага за случајот Рекет која требаше да ја покрие вмешаноста на Заев, Кики, Фрики, Шеки и Катица Јанева се распаѓа пред очите на секој граѓанин кој со свои уши може да ги слушне срамните детали од начинот на кој што се злоупотребувани институциите за изнудување на пари.

 

Заев не успеа да се сокрие и да ги изманипулира граѓаните дека само неговиот пријател Боки Тредичи е вмешан во рекетарскиот бизнис без поддршка лично од него и неговите крими пријатели на функција. Смешно, понижувачки и крајно лицемерно изгледа неговото правдање дека правдата ќе излегла на виделина.

 

Сега се гледа вистината.

 

Сега стана јасно дека Русковска обвинителството ја замрзна истрагата во случајот со рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод само за да се заташка целиот скандал, да се форматираат телефони, форензички да се избришат компјутери, да се влијае врз сведоци и докази.

 

Ако правилно се водеше истрагата досега Катица Јанева ќе беше во притвор, ќе се испитаа средбите и договорите на Зоран Заев и Боки Тредичи, но и ќе се истражеа криминогените активности на невладината Организација Меѓународен Сојуз  кај што челува пола врв на СДСМ, вклучително и самиот Костадинов.

 

Тоа што Костадинов се крие и од дома дава изјави, покажува колку е исплашен од јавноста.  Но нека не се грижи Костадинов, правната држава ќе дојде оној момент кога оваа криминална власт ќе си замине. Тогаш ќе се испита дали има лично тој улога во криминалот на неговиот пријател Боки 13, но и улогата на Шеки, Фрики, Кики и слични ликови од СДСМ кои рекетирале и уценувале со години, овозможувајќи си лична материјална корист.

 

Патем ќе треба да се разјасни што е тоа кое што Заев и Боки Тредичи го разговарале, а за кое никој не знаел? Кои и какви работи тие двајца менаџирале и што конструирале? Како тоа Заев секогаш кога е осомничен за криминал се вади на евтини финти, па еднаш беше дека разговарал за црквата, сега дека разговарал за хуманитарни акции?

 

До кога планираат Зоран Заев и Костадин Костадинов вака безобразно да ја манипулираат јавноста и да мачкаат очи на народот? Одговорност ќе има од сите инволвирани во Октоподот, а Зоран Заев е прв на таа листа.

 

Реакција на изјавата на Костадин Костадинов

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.