Стефанова утре ќе даде исказ за „Рекет“, ЈО не открива дали и кога ќе биде повикана Јанева

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот  „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

 

Тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

– Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, вели Јовески. Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

 

Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.