СВР Тетово: Расчистени неколку кражби за кои ќе одговора 19-годишник од Теарце

Тетовската полиција соопшти дека инспекторите расчистиле неколку извршени кражби и обиди, а кривична пријава е поднесена против осомничениот 19-годишиот Џ.Б од Теарце.

 

Според информациите на СВР Тетово станува збор за две тешки кражби, два обиди за тешки кражби, една кражба и еден обид за кражба.

 

-Лицето Џ.Б. се сомничи дека во периодот од април до јуни оваа година провалил во куќа и верски објект во Тетово, а се обидел да провали во верски објект и во куќа, исто така, во Тетово и во тетовско Теарце. Осомничениот Џ.Б. одземал парични средства и банкарска картичка, како и други предмети, информираат од СВР Тетово.

 

Претходно осомничениот 19-годишник бил повикан на информативен разговор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.