СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не крева вештачка паника, случајот со заразени животни со антракс е изолиран, новозаразени нема

На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на измислици и лажни вести му нема крај.

 

Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.

Денес, нивната наводна грижа за граѓаните од опасноста од заразеност со антракс е само очаен обид за прибирање на ситни дневнополитички поени на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство веднаш излезе во јавноста и потврди дека нема опасност за граѓаните и дека ниту еден граѓанин не е заразен со антракс.

Истовремено и Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста.

Последните информации се дека нема нови случаи на заразени со антракс.

Крајно несериозно е од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги вознемирува граѓаните и создава вештачка паника и страв кај нив.

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ги превземаат сите мерки потребни во ваков и слични случаи  и се подготвени да одговорат во секое време.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.