Демант од Владата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

Почитувани,

Изнесените наводи на прес-конференцијата, одржана на ден 12.08.2019 година, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на генералниот секретар, Игор Јанушев, дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра, се шпекулации, незнаење и дезинформации.

 

Владата на Република Северна Македонија подготви проект за воспоставување на јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service)  хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.

 

Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат услуги и тоа:

 

–           Бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги,

 

–           По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија,

 

–          Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија,

 

–          За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија,

 

–     На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо.

 

Ова е пример за јавно приватно партнерство, кое во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо и неостварливо.

 

Влада на Република Северна Македонија





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.