АВМУ: Премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заевво врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи.

 

Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар.  Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност.

 

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

 

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИМЕДИУМСКИ УСЛУГИ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.