Авионите вклучени во гаснењето на пожарот во Дебрца

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани во гаснење на шумскиот пожар што веќе трет ден гори во шумски предел во атарот на селото Велмеј во Општина Дебрца.

 

Бројни екипи на ЈП „Национални шуми – Галичица“, Територијалната противпожарна единица од Охрид, јавните претпријатија и граѓани се справуваат со пожарот што се уште гори.

 

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески истакна дека се работи за непристапен терен, при што е зафатена шума со смрека и бука, што го отежнува гаснењето на пламенот.

 

-Пожарот беше речиси изгаснат, но вчера околу пладне повторно избувна пламен така што се уште екипите и механизацијата се на терен. Од рано изутринава на терен се стотина лица вклучени во гаснењето што се одвива во отежнати услови, пред се поради непристапноста на теренот. Затоа и побарав активирање и на авионите во гаснењето на пожарот и спречување несакани последици од поголеми размери, рече Ногачески.

 

Препорака за ангажирање и на авионите во гаснењето на пожарот дало и Пoдрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид.

 

Од Дирекцијата се апелира до граѓаните и институциите да се придржуват на препораките за забрана за движење во шумите и шумски предели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.