Вандали уништија урбана опрема во штипската населба „8 Ноември“

Вандали уништиле урбана опрема во еден од најубавите и најпосетените паркови во Штип. Јасминка Петешева вработена во ЈП „Исар“-Штип вели дека комплетно се уништени клупите во паркот и во летниковецот, како и детските реквизити во самото игралиште. Но, ова не е единствената штета која ја имаат забележано и покрај апелите на овие летни горештини да не се уништуваат и крадат славините на јавните чешми. Но, и покрај апелите во населбата Дузлак регистрирале комплетно уништена јавна чешма, која од пред неколку дена е приспособена за потребите на граѓаните.

 

-Уште еднаш ги замолуваме граѓаните да не се однесуваат вандалски кон урбаната опрема, која во текот на овие високи температури и тоа како им е потребна, како на повозрасните, така и на помладите, вели Петешева.

 

Таа истакна дека од денеска до крајот на неделава, штипското комунално претпријатие активно ќе ги мие улиците низ градот.

 

-Имајќи ги во предвид високите температури, активностите за миење на улиците ќе се одвива во текот на ноќните часови, вели Петешева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.