Собрани 20 крвни единици во акција во Чашка

Во денешната акција за доброволно дарување крв што ја организира Општинската организација на Црвен крст од Чашка во соработка со ООЦК Велес, а ја спроведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, беа собрани 20 крвни единици.

 

Крв даруваа 17 мажи и три жени.

 

Доктор Кирил Лазов за МИА изјави дека акцијата е успешна и е придонес плус за собирање на крвни единици во овие летни денови за потребите од крвни единици за пациентите на клиниките во Скопје, Велес и болниците во останатите градови, кои добиваат крвни единици преку Институтот за трансфузиона медицина.

 

Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст во Чашка, Роберт Новески истакна дека и со оваа акција жителите на таа општина потврдија дека се хумани.

 

Ова е втора организирана акција во Чашка. Првата беше во мај и тогаш беа собрани над 20 крвни единици. Најавено е дека до крајот на годинава ќе се организира уште една, трета акција за доброволно дарување на крв. Денешната акција за доброволно дарување крв беше спроведена во рамките на програмата за одбележување  на Денот на Општина Чашка, 21 август.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.