В недела ќе се плива маратон на Мавровско Езеро

Во водите на Мавровско Езеро в недела ќе се одржи шестата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. Пливачкиот маратон е дел од годинешното одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Леуново.

 

Натпреварите во три возрасни категории за пливачи од 12 до 14 години, од 15-17 и над 18 години, ќе започнат во 13 часот на стартот од Маврови Анови во близина на амбулантата, а целта ќе биде во близина на хотелот „Радика“. Должина на патеката зинесува три километри.

 

Натпреваривачите ќе се бодуваат според правилата на Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води.

 

Според најавите, се очекува да настапат пливачи од повеќе македонски клубови од Македонија.

 

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одвива во Леуново по завршувањето на трките.

 

Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”. Пријавувањето ќе трае до 25 август и тоа може да се направи на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.