Димитров: Ноторна лага е дека сум вмешан во „Рекет“, ако нема извинување ќе поднесам тужба

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негира негова наводна вмешаност во случајот „Рекет“, и побара од „Република“ да ја повлече како што вели „ноторната лага“, во спротивно ќе поднесе тужба.

 

МНР ја пренесува реакцијата на Димитров, која тој ја објави и на неговиот Фејсбук профил.

 

– Барам веднаш „Република“ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот „Рекет“ и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда, вели Димитров во демантот.

 

Тој истакна оти очекува и пропаганда и нечесна битка, но, како што вели неговиот одговор секогаш ќе биде достоинствен.

 

– Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги. Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е, истакнува Димитров во демантот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.