Пожар меѓу охридските села Косел, Опеница и Вапила, заседава кризниот штаб
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Август 2019
Општина Охрид ги ангажира сите распололживи ресурси за гаснење на пожарот што од вчера зафати делови на шума и нискостеблеста вегетација на потегот меѓу селата Косел, Опеница и Вапила. Во моментов заседава општинскиот Кризен штаб во присуство на градоначалникот Константин Георгиески, со цел координација во справувањето со стихијата.
Во гаснењето се вклучени екипи на теиторијалната противпожарна единица од Охрид, на општинските јавни претпријатија, Шумското стопанство, а на пат кон локацијата се и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
Активностите за справување со пожарот се одвиваат во сложени околности поради непристапноста на теренот и топлото време.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс