Научна конференција за инвазивни и ненативни видови флора и фауна во Охрид

Охрид беше домаќин на научна конференција посветена на актуелизирање на проблемот со инвазивни и ненативни видови флора и фауна во Југоисточна Европа.

 

Собирот се одржа во Охрид токму поради уникатното природно наследство што го поседува, но и заради опасностите од инвазивните и ненативните видови врз опстанокот на високо специјализираната, ендемична и ендемореликтна флора и фауна која е најмаркатниот знак на биолошкиот диверзитет на Охридско Езеро и неговото окружување.

 

Повеќе од 130 учесници од 15 земји од регионот на Југоисточна Европа, како и учесници од земјите од поширокиот регион (Франција, Белгија, Велика Британија, Италија, Унгарија, Чешка, Молдавија, Грузија, Украина, САД), со свои трудови го актуелизираа проблемот со ненативните и инваизвните видови во светот.

 

Презентираните научни трудови дискусиите и размената на искуства претставуваат значајна придобивка во насока на зачувување на автохтоната флора и фауна, но уште повеќе како насока за земјите како оние од регионот кои се уште немаат изградена легислатива за проблмеот со ненативните и инвазивните видови.

 

Од посебна важност се и за Охридскиот регион како многу значаен центар на диверзитет и ендемизам во светски рамки, како и заради фактот што овој проблем беше нотиран од страна на Реактивната мисија на УНЕСКО, во последниот извештај за состојбата на природното наследство во Охридскиот регион.

 

Инаку, коорганизатори на конференцијата се Јавната научна установа „Хидробиолошки институт“ од Охрид, како пионерска институција во следењето на ненативните и инвазивните видови, како и од Националниот парк „Галичица“, прв национален парк што го актуелизира проблемот со терстиричните инвазивни видови преку востановување на мониторинг програма за следење на истите на територијата на паркот. Конференција беше финансиски поддржана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.