ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ се очајни во обидите да ги покријат криминалните скандали во кои тонат од ден во ден

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали во кои тонат од ден во ден. Затоа пресовите мораат да ги полнат со очај, немоќ, лаги и конструкции.

 

Граѓаните јасно го гледаат политичкото силување на правната држава кое и го прават Заев и екипата околу него. Граѓаните видоа и слушнаа за куферите полни со пари од аферата „Рекет“, а одговорност од ликовите Кики, Фрики, Шеки и слични се уште нема. Граѓаните прочитаа дека Зоран Заев бил во контакт со рекетарската група која милиони евра зела од бизнисмени, а за кои се уште не им се знае трагот во чиј џеб завршиле. Граѓаните видоа дека секој кој на оваа власт и опонира е предмет на политички монтиран судски процес.

 

Впрочем заради ваквата поврзаност на подземјето со владата, Заев се повеќе ја губи поддршката и затоа нервозата во СДСМ пропорционално расте. Со право и членовите на СДСМ кои искрено си ја сакаат Македонија отворено не се согласуваат со погубната и криминална политика на врхушката во нивната партија. С’е за што генерации Македонци се бореа наназад, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров кои сега Костадинов лицемерно ги користи за да ја манипулира јавноста.

 

Но народот ве прочита и чека прилика на избори да ве казни. Колку порано, толку подобро за Македонија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.