Втор еднодневен камп на Голак

По теркот на европските образовни установи, втора година по ред на планината Голак се одржа еднодневен камп во организација на Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево. 

Како што информираше директорот на училиштето Љупчо Прачкоски, целта е ученците од прва година гимназија да осознаат еден поинаков вид на настава во природа.-Кампот се оргазнизира за еден вид приближување на учениците меѓу себе. Целта е тие да се запознаат меѓу себе, да излезат и да ја запознаат природата и во исто време да научат многу работи, кои не се дел од програмата во самото училиште. Оваа година предвидуваме програмата да биде проширена со многу нови спортски игри, забава и рекреација со кои ќе бидат опфатени младите од прва година гимназија, истакна Љупчо Прачкоски.За ученичката Кате Ристовска, ваквите активности се одлична можност и за покажување на талентот на учениците.-Еве на пример, дел од учениците цртаме, некои спортуваат, имаме музика, имаме диџеи, останатите пешачат до врвот Чавка, потоа ќе се дружиме меѓу себе, така што сметам дека ова е една убава идеја, рече Ристовска.Во рамки на еднодневниот камп, со поддршка на планинарот Љупчо Чучуковски, се реализираше и планинарски марш до врвот Чавка на планината Голак.-Тоа е марш кој почнува од спортските терени, преку Тработивишка ширина, Бун Чешма, па се до врвот мала Чавка. Со учениците имавме и спортско-едукативен дел, во кој тие се натпреваруваа во тегнење јаже, одење во вреќа, како и баскет натпревари, со што на некој начин допринесовме овој настан да биде збогатен и со спортски активности, рече Чучуковски.Во рамки на еднодневениот камп на планината Голак, беа доделени и награди за најдобрите во спортските натпревари, а потоа дружењето продолжи со литературно читање и заедничка веселба помеѓу учениците и професорите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.