СДСМ: Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, свесно се обидуваат да ја жртвуваат иднината на државата и граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат намера да отстапат од одбрана на криминалите и тајкуните на режимот.

 

Овој скапоцен дворец зад мене очигледно е причината за антидржавното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

 

Поради дворецот зад мене, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги кочат реформите и да ја попречуваат правдата.

 

Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, свесно се обидуваат да ја жртвуваат иднината на државата и граѓаните во ЕУ и НАТО.

 

Но нема да им успее. Државата, граѓаните, незапирливо продолжуваат кон интеграција во ЕУ и НАТО. Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во темното минато.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во деструкцијата, осамени во одбрана на криминалот.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, изјава за медиуми, Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.