СДСМ: Креираме мерки со кои растат платите и парите се враќаат кај граѓаните

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници.

 

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ градеше лажен барок, скапоцен бел дворец, палми и го богатеше врвот на партијата, а граѓаните и работниците осиромашуваа и тонеа во сиромаштија.

 

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за плати и грижа за работниците.

 

Со години не ја покачуваа минималната плата, а дозволија вработените во текстилната и чевларската индустрија да земаат плата помала од законскиот минимум и да бидат дискриминарани.

 

Згора на тоа, вчера, јавно, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски неколку пати порача минималната плата да не се покачува.

 

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е на страната на граѓаните и работниците.

 

Минималната плата денес изнесува 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки а се отвора процес за ново зголемување на минималната плата.

 

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во груевистичката матрица и е навикната на земање пари од граѓаните, за разлика од нив Владата предводена од СДСМ продолжува со реални и вистински мерки кои од една страна ги намалуваат трошоците, а од друга страна ги враќаат парите во семејните буџети на граѓаните.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.