
Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Септември 2019

Државната комисија за спречување на корупцијата немаат отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот Рекет.
Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило.
Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандат треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.ДКСК се уште работи на случаите Тополки и Рашковски, но за вториот случај, кажа Ивановска ќе биде потребно подолго време.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
