Костадинов: Што сака да сокрие Мицкоски, линковите со Орце Камчев или неговата улога во Рекет

Христијан Мицкоски повторно бега од јавноста, бега од граѓаните.

 

Мицкоски не одговара на јавно поставено прашање: дали Орце Камчев, тајкун од режимот и обвинет во предмети на СЈО, финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Нема одговор ниту од Игор Јанушев, потписник на сметката на партијата.

 

Но, видовме дека Орце Камчев, рипна да го брани, но молкот на Мицкоски, Јанушев, молкот во ВМРО-ДПМНЕ зборува многу.

 

Да потсетиме, исто така молчеше и кога го прашувавме за неговите средби со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот познат како “Рекет“, за да на крајизлезе и одговори дека всушност средба имало.

 

Останува прашањето: што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет“?

 

Дали се тоа линковите со Орце Камчев или можеби неговата улога во овој случај?

 

Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.