Сончево уште утре, од понеделник дожд и грмежи

Уште утре ќе се задржи сончево време, а веќе од понеделник попладне и во вторник синоптичарите најавуваат повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

 

Утре, утринските температури ќе бидат ниски, а во Берово се очекува температурата да се спушти до -1 степен, додека дневните температури ќе достигнат до 27 степени.

 

И во следните денови утрата ќе бидат студени со минимални температури од 2 до 15 степени, додека дневните ќе се движат од  20 до 29 степени.

 

Услови за локален дожд ќе има и во четврток, а во петок се очекува стабилизирање на времето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.