Десетто издание на манифестацијата „Денот на гравот“ во Теарце

Во тетовско Теарце се одржа 10-то издание на манифестацијата „Денот на гравот“  чија цел е промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот.

Посетителите како и секоја година имаа можност да дегустрираат храна подготвена од ученици и да вкусат грав, во организација на Центарот за едукација и развој (ЦЕД) од Теарце.

-Десет години опстојуваме и покрај сите потешкотии со кои се соочуваме. Продолжуваме со манифестација која е богата со гости, активности и програма. Една од целите е да бидат сите на една маса. Тоа може да се види и денеска без разлика на сите поделби на општеството, сите заедно сме тука без предрасуди, изјави Лазар Ѓорѓевски од ЦЕД.

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми истакна дека оваа манифестација е една од тие што ги обединува луѓето.

-Пред 10 години беше една манфестација која почна заради промоција на земјдеолски производ и стана манифестација која обединува по етничка и религиозна основа, што е убавината и на регионот и на државата, да покажеме дека имаме култура и традиција на заедништво, рече Адеми.

Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Димко Ѓорѓески. -За над 400 лица ставивме 20 килограми грав, пет килограми пиперки, пет килограми кормид и еден килограм лук. Гравот годинава е добар иако имаше мал род, објасни готвачот.

На манифестацијата традиционално настапија културно-уметнички друштва од трите националности – македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Настанот беше збогатен и со одбележување на Европскиот ден на зелениот појас, со изложба на фотографии и филмови од германската фондација Евро-натур. Во  канцеларијата на ЦЕД  се организираше и акција за дарување крв, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.