Договор за партнерство меѓу општините Гевгелија и Богданци за ревитализација на локален пат

Градоначалниците на општините Гевгелија и Богданци, Сашо Поцков и Блаже Шапов, со раководителката на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, во Гевгелија ставија потпис на договорот за ревитализација на локалниот пат Богородица-Стојаково и негово поврзување со регионалниот пат Гевгелија-Богданци кај бензинската пумпа „Шимов“ лоцирана на крстосницата со Ѓавото.

 

-Проектот за ревитализација на споменатиов пат во должина од 4,5 километри, предвидува поставување на нов слој асфалт со што ќе се овозможи подобрување на сообраќајната комуникација меѓу мештаните на Богородица и Стојаково кои заедно имаат 830 домакинства со околу 3.000 жители и ќе им создаде услови за побезбеден транспорт на патници и стока, порачаа потписниците на договорот.

 

Вкупната вредност на проектот изнесува нешто повеќе од 13 милиони денари од кои 11 милиони се обезбедени од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, 1,2 милиони денари обезбедува општина Богданци како прв партнер, а со околу 760.000 денари ќе учествува општина Гевгелија како втор партнер во проектот.

 

Имплементацијата на проектот со кој се очекува целосно комплетирање на овој патен правец,треба да почне наскоро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.