Костадинов: Мицкоски пет дена не дава одговор дали Камчев ja финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Пет дена молк во ВМРО-ДПМНЕ, бегаат од одговор, бегаат од јавноста, не даваат одговор на прашањето дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај.

 

Молкот на Мицкоски кажува многу.

 

Што крие Христијан Мицкоски поврзано со финансирањето на последната кампања, линковите со Орце Камчев, неговите донации или неговата улога во случајот познат како „Рекет“?

 

Нема бегање од вистината ниту од правдата.

 

Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања.

 

Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.