Облачно со грмежи и засилен ветер, дожд до петок

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во државата. На места се најавуваат пообилни врнежи проследени со грмежи и засилен ветер.

 

Утринава, температурите се движат од од 9 до 16 степени, а дневните се очекува да се искачат од 16 до 25 степени.

 

Во Скопје слично време со минимална температура до 13 степени и дневна до 21 степени.

 

Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и во среда и четврток. Веќе од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.