СДСМ почнува со карванот трибини „На прав пат“

Владејачкиот СДСМ од сабота, 5 октомври, ќе почне со карван трибини во целата земја наречен „На прав пат“, најави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

 

„Со слоганот 'На прав пат', СДСМ почнува карван на отворени, јавни трибини со граѓаните од републиката. На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, очи в очи, да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите 2 години. За секој регион, за секое неше населено место. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, како што се приклучија на промените, како што се приклучија на напредокот, на нашите маалски и урбани средби и да дадат свој придонес“, рече Николовски.

 

Првата трибина ќе се одржи в сабота во Штип, а на неа ќе учествува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Граѓанските трибини во поголемите градови се планирани секој викенд, а преку работните денови ќе се одржуваат помали трибини во помалите општини или населени места во попладневните часови.

 

Во меѓувреме, продолжува одржувањето маалски и урбани средби со граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.