Бузаку: Реџепи е рекетар

Скендер Бузаку поднесе докази кои според него покажуваат дека актуелниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи, правел криминал користејќи ја верската заедница. Бузаку потенцираше дека документите покажуваат злоупотреба на средствата кои верниците ги донирале.

 

Тој тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и така противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

 

„Тој сторил кривично дело перење пари и злоупотреба на службена должност. Осомноченото лице присвоил средства од 700 илјади евра уплатени годинава. Има фактура за 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платила 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак. А тие користеле приватна фирма која е регистрирана надвор од Македонија. Преку фирмата, тој ги перел парите“, тврди Бузаку.

 

Бузаку смета дека Реџепи е рекетар, односно дека тој перел пари. Според него, актуелниот реиз има направено и други кривични дела, кои ќе ги обзнани во наредниот период.

 

„За тврдењата дека јас правам рекет врз ИВЗ, може да се заклучи дека единствен рекетар е Реџепи. Очекувам Обвинителството да ги процесира кривичните пријави. За сите други дела, докази ќе бидат презентирани наредниот период”, рече Бузаку.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.