Знамето на Црна Гора висеше наопаку на средбата Пендаровски - Ѓукановиќ

На средбата помеѓу црногорскиот и македонскиот претседател, Мило Ѓукановиќ и Стево Пендаровски, во Скопје, знамето на Црна Гора беше поставено наопаку.

 

Од Кабинетот на Пендаровски со писмо му се извиниле на Ѓукановиќ, пренесуваат црногорските медиуми.

 

„Кабинетот на претседателот на Северна Македонија се извинува поради направениот превид во текот на официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Направен е ненамерен превид при поставување на знамето на Црна Гора на тет-а-тет средбата на двајцата претседатели“, се наведува во писмото од Кабинетот на Пендарвоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.