Дебата за стратешките приоритети во безбедноста по членството во НАТО

Факултетот за безбедност – Скопје е домаќин на научно-стручна расправа на тема: „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната-Република Северна Македонија по членството во НАТО“ која се организира во соработка со Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и ќе започне во 10 часот.

 

Дебатата ќе ја отвори претседателот, Стево Пендаровски, а ќе се обрати и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски.

 

Панел воведничари ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. Саше Герасимовски, проф.Марјан Николовски и проф. Александар Иванов од Факултетот за безбедност-Скопје, а ќе говорат и членовите на Советот за национална безбедност проф. д-р Трајан Гоцевски и проф. д-р Ветон Љатифи.

 

Повод за одржување на дебатата е разгледување на предлог Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија која е предмет на расправа пред донесување од Претседателот на Република Северна Македонија. Фокус во дискусиите се очекува да биде ставен на стратешките приоритети во безбедноста и одбраната по заокружувањето на полноправното членство на земјата во НАТО и новите безбедносни предизвици и обврски кои ќе произлезат од целосната евроатланска интеграцијата.

 

Тековната Стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и променетиот статус на Република Северна Македонија во меѓународни рамки, е изработена нацрт Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.

 

Новиот стратешки документ ги идентификува одликите на современото безбедносно опкружување, дава насоки за понатамошен развој на одбранбените капацитети и способности на системот за одбрана на Република Северна Македонија, како и насоки за синхронизирање и унапредување на одбранбеното планирање, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.