Зоран Заев: Членот 102 од законот за ААВМУ ќе се брише (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев лично ја доби иницијативата од страна на регионалните и локални телевизии за бришење на членот 102 од постоечкиот закон за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, при гостување во емисијата СТАВ на ТВ Плус од Куманово.

 

Менаџерот на локалната телевизија, која е член на здружението Медиум објектив, Ивановски го информираше премиерот Заев за лошата состојба во која што се наоѓаат регионалните и локалните приватни медиуми, посочувајќи дека ако остане овој член од законот таков каков што е, медиумите нема да можат да извршат  наплата за нивните  услуги по ниту еден основ од државните институции, единиците на локалната самоуправа, јавните претрпријатија и слично.

 

Верувам дека овој факт може да доведе дури и до нарушување на демократијата, бидејќи токму тука на седниците на Советите на општините, опозицијата (без разлика која и да е) има и најголема шанса да се обрати на граѓаните со пофалба или критика кон актуелната власт и да го каже своето мислење во врска со сите“, посочи директорот Ивановски при средбата со претседателот на Владата, Заев.

 

Во врска со овој проблем на медиумите, премиерот Зоран Заев во емисијата СТАВ најави бришење на членот 102, со измена на законот за ААВМУ.

 

-Граѓаните од населените места во Куманово, од одредени населби во Куманово немаат начин како да се информираат за одредени проекти. Самиот член забранува, еве вашиот медиум да се обрати до Општина Куманово или Телевизија Вис да се обрати до Општина Струмица, советот и опозицијата нема да ги пренесе Сител, Канал 5, 24, ќе ги пренесе само локалниот медиум. Така што ќе имаат можност да има седници на совет во живо. Да ги пренесувате макар и постфестум, да се слушне. Вие пренесувате ама не можете да наплатите ништо заради тој член 102, треба да си плати општината затоа што тоа и е дел од одговорноста за транспарентност кон граѓаните. Второ ако се гради спортска сала во некое село, граѓаните не знаат дека се гради, а треба да бидат информирани. Се прави улица во центарот на градот или на периферијата другите граѓаните што живеат на други локации треба да го знаат, тоа националните медиуми или кабелските тв нема да го пренесат. Оттука доаѓа директнтаа потреба тој член 102 да се избрише затоа што локанлите и регионалните медиуми немате друг начин на свое  опстојување. Тие имаат свои рекламички, помали компании тука што работат и слично, но ако сакаме да имаме транспаретнтност, серизоен фокус, дискусии, дебати во општеството, државата мора да ги најде начините да ги отстрани пречките за одржливост на самите медиуми така што веќе разговаравме во владата, министерот Роберт Поповски кој што е за транспарентност,  комуникации и соработка со медиумите го има тоа оформено, сакаме измена на законот да направиме, членот 102 се избрише и не застануваме тука, рече Зоран Заев, претседател на Владата на РСМ.

 

Заев најави дека со новиот ребаланс на буџетот  се обезбедени  дополнителни 50 милиони денари за филмскиот фонд, со што медимуите ќе се растоварат од обврската да плаќаат такса за филмскиот фонд. Премиерот информираше дека веќе се работи и на создавање на нов фонд за обезбедување дополнителна одржливост на медиумите, но само, како што рече,  во согласност со  здруженијата на новинарите и на медиумите.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.