Фајон: Ова е срамота, Макрон разбуди се!

,,Ова е срамота. Емануел Макрон, разбуди се!“, порача на Фејсбук известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, која остро реагира на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

 

Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографии со премиерот Зоран Зав, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерката Радмила Шекеринска, порача:

 

„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Овие лидери ги завршија своите обврски! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел од обврските и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.