Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена во криминал и корупција, рече во обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и додаде дека станува збор за политика што го втурнала македонскиот народ во многу отстапки и себепорекнување.

 

„Ова не е последица само на една пограшена одлука, туку на перманентни грешки за кои предупредувавме во континуитет“, истакна Мицкоски додавајќи дека тоа сега го испорачува цехот, а штетата е веќе направена.

 

Според претседателот на ВМРО-ДПНМЕ, народот посакува предвремени прламентарни избори за да се надмине кризата и оваа, како што кажа, неодржлива ситуација.

 

Тој повика на итна средба на државниот врв, на која ќе се зборува за иднината на Македонија.

 

„ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план консултирајќи експерти за соодветни реформи. Реформи што ќе значат крупни чекори во иднина. Го имаме решението за равенката како Македонија да се направи современа и модерна држава“, порача лидерот на опозициската партија додавајќи дека актуелната власт имала шанса да испорача резултати, но дала само ветувања, кои не постојат.

 

Мицкоски на крајот ги повика граѓаните да застанат со ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на иднината на генерациите што доаѓаат и иднината на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.