Утре комисиска седница за евроинтегративните процеси

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за утре закажа тематска седница на Комисијата, посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по Самитот на Европскиот совет што се одржа овој месец, а на кој земјата не доби датум за почеток на преговори.

 

На седницата се очекува свои обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

 

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница и други.

 

Седницата ќе се одржи со почеток од 10 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.