Костадинов: Понудата на Мицкоски е поделби и квази-сојузи со други држави
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Октомври 2019
Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат кај тераат, нивната понуда за обнова на режимот доведува до секојдневни скандалозни изјави од високи функционери на опозициската партија, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Еден од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача да не се покачуваат платите, друг член, пак, повика на присоединување со други држави. Освен противење на покачувањето на минималната плата и платите во приватниот сектор, можевме да чуеме и антидржавни, антимакедонски ставови. Христијан Мицкоски, наместо да се оградува од политиките на Никола Груевски, жестоко ги брани.
Неодговорните изјави на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат вистинското режимско лице на оваа партија на штета на државата. Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а со таква понуда може да се надеваат само на пораз на предвремнените избори на 12 април.
Додека понудата на Мицкоски е поделби и квази-сојузи со други држави, СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ. Додека понудата на Мицкоски е да не расте минималната плата, СДСМ ја покачува на историски највисоки 14.500 денари и работи на ново зголемување. Тоа граѓаните ќе го ценат на 12 април.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс