Не е постигнат договор за платите во образованието, преговорите ќе продолжат

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на денешниот состанок не постигнаа договор за износот од покачувањето на платите на просветните работници.

 

Министерот Арбер Адеми изјави дека на средбата биле разгледани повеќе опции, а преговорите ќе продолжат и наредната недела.

 

„До крајот на неделата повторно ќе имаме работен состанок. Она што го постигнавме досега е за поздравување“, рече Адеми.

 

Претходно СОНК го одби предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во образованието и науката за 10 проценти, почнувајќи од април 2020 година. СОНК најави дека ако не им се исполнат барањата, ќе одат на штрајк од 11 ноември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.